Што сè отстрани Бајден од Овалниот кабинет: Исчезна и црвеното копче од масата

од Nikola Popovski
215 прегледи

Новиот претседател eо Бајден не губел време да отстрани нешто што потсетува на Доналд Трамп во Овалниот кабинет. Покрај замената на портретите и воените знамиња што ги закачил поранешниот претседател во неговиот кабинет, Бајден наводно го отстранил и „копчето за диетална кока кола“ што Трамп го имал на неговата работна маса.

Имено, според „news.com.au“, Трамп обожавал диетална Кока-Кола толку многу што на работната маса имал црвено копче кое, кога го притиснал, го повикувал батлерот кој му носел чаша од овој пијалок.

Советниците претходно за „Њујорк Тајмс“ изјавија дека Трамп може да пие десетина чаши секој ден.

Сепак, се чини дека новиот претседател не ја дели истата љубов кон Кока-Кола како Трамп, бидејќи на Твитер се појавија фотографии што го докажуваат тоа. Црвеното копче го нема.

Кога службите во Белата куќа го известиле Бајден дека Овалниот кабинет е подготвен, го прашале Бајден дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Бајден наводно прашал: Какво копче забога?

На Твитер е започната шеговита дискусија во врска со „копчето на работната маса на претседателот”. На пример, какви сѐ не придобивки има еден претседател и дали тоа треба да остане.

Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го остранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темно-синиот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон.

Бајден, исто така, ги вратил и завесите кои се користеле од неговиот претходник Клинтон.