Легендарниот водител Лери Кинг почина на 87-годишна возраст

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Американскиот телевизиски водител Лери Кинг почина на 87-годишна возраст.

Според „Дејли меил“, познатиот американски телевизиски новинар Лери Кинг бил хоспитализиран на почетокот на јануари, откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирусот.

Според британските медиуми, Кинг (87), кој е познат по интервјуата емитувани на Си-Ен-Ен, потоа бил префрлен во болница откако еден од гостите на неговата емисија бил хоспитализиран во Лос Анџелес.

Кинг припаѓал на ризична група на пациенти поради неговата возраст и лошата здравствена состојба. Тој имал голем број здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, рак на простата и белите дробови и дијабетес тип два.

Покрај лошата здравствена состојба, Кинг мораше да се справи и со фактот дека неговите најблиски не можат да го посетат во болницата, неговата 23 години помлада сопруга Шоун Кинг, како и неговите двајца синови Ченс и Канон.