ССРСМ: Бојкотираа 78% од матурантите, ги повикуваме да ги пријават сите притисоци врз нив

од Vladimir Zorba
277 прегледи

„Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притисоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна“, соопштија од Сојузот на средношколци.

„Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања.

Ве потсетуваме дека бојкотот на наставата продолжува и во понеделник. Ги повикуваме сите матуранти да се придружат кон отпорот. Нашите барања се разумни и подржани од меѓународни примери – нема да се откажаме додека не ги оствариме!“, ппосочуваат оттаму.

Слични содржини