Заев: По повеќе од десет години учениците од ОУ „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром имаат современа спортска сала

267 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба,
Борис Георгиевски, ја пуштија во употреба новата спортска сала во рамки на ОУ „Вера Јоциќ“, во населба Хиподром, Општина Гази Баба.

Во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици.

„Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на
училиштето. Повеќе од 10 години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во
училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со
попреченост. Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое беше завршено оваа година низ неговите ходници се исполни џагорот на децата, на радост на нивните родители и на другите граѓани на општината“, информираше премиерот Заев.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, новата сала има целосна спортска опрема, реквизити, соблекувални со санитарни јазли и туш кабини. Ова е енергетски ефикасен објект поврзан и на топловодната мрежа.

„Гази Баба во едно минато време беше целосно заборавена од институциите, но сега имаме сигурен партнер во Владата, со која работиме заедно во интерес на граѓаните. Како градоначалник на Општина Гази Баба сум благодарен на големата поддршка која општината ја има од страна на Владата во реализација на зацртаните проекти“, заклучи градоначалникот Георгиевски.

„Еден од стратегиските определби на Владата на Северна Македонија е поддршката на единиците на локалната
самоуправа за нивна целосна финансиска независност. Со максимална децентрализација на власта создаваме
услови за да го обезбедиме тоа што го очекуваат граѓаните непосредно од нивните општини: Пристоен,
достоинствен живот, со сите подобности директно во нивната локална заедница.

Овие очекувања на граѓаните во населеното место Хиподром во Општина Гази Баба се во голема мерка остварени.

Во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова,
модерна училишна зграда за 600 ученици, со 12 училници, шест кабинети, простор за наставниците и со библиотека.

Заедно со општината изградивме објект кој ги задоволува сите услови и стандарди за реализација на воспитниот
образовен процес на квалитетен начин.

Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на
училиштето.

Повеќе од десет години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот
хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли,
соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост.

Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое беше завршено оваа
година низ неговите ходници се исполни џагорот на децата, на радост на нивните родители и на другите граѓани на
општината.

Оваа година влегуваме во реализација на уште еден заеднички проект од посебен интерес на граѓаните на Гази
Баба, односно на населеното место Хиподром.

Заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000
домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други
населени места.

Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години.

Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните како што се
намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо
загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето.

Ќе се создадат предуслови и за дополнително проширување на секундарната топловодна мрежа, како и можности за нови приклучоци и поголем опфат на домаќинства во иднина.

Владата на Република Северна Македонија, инспирирана од проекти кои се од непосреден интерес и придобивка
за граѓаните, останува на својата стратешка определба да соработува со општините и да остварува вакви и други
слични проекти“.

Слични содржини