Пановски: Додека не пристигне вакцината, децата треба исклучиво онлајн да слушаат настава

Во разговор за „Слободен печат“, Д-р. Никола Пановски потенцира дека е рано учениците да почнат да се враќаат на физичката настава и смета дека до јуни треба да продолжи овој модел со онлајн учење.

„Сметам дека до јуни треба учениците да продолжат со онлајн настава. Треба да биде онлајн и не верувам дека тоа ќе се промени. Додека не дојде вакцина треба да биде вака. Не гледам разлика од состојбата сега и во септември. Исти се бројките на новозаболени со тие што беа во септември. Точно е дека се бројките се намалуваат малку, и треба да продолжат така, а за да не ни се повтори во април или мај ситуацијата како во октомври и ноември, онлајн наставата треба да продолжи“, посочува Пановски.

Слични содржини