Кортни Кардашијан во врска со тапанар на позната група

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Кортни, најстарата сестра Кардашијан, наводно е во врска со четири години постариот Тревис Баркер, тапанарот на групата Блинк-182. Иако тие двајца се пријатели со години, нивната врска се претвори во нешто повеќе од пријателство, тврди извор за „Пипл“.

Минатиот викенд двајцата објавија фотографии од куќата на мајката на Кортни, Крис Џенер во Палм Спрингс на Инстаграм.

„Тие се заедно во Палм Спрингс, а се забавуваат околу еден или два месеца“, изјави извор за „Пипл“, додавајќи дека Кортни и Тревис биле пријатели долго време, но дека нивната врска сега станала романтична.

Кортни од десетгодишната врска со Скот Дисик има три деца – Мејсон, Пенелопи и Реиџна. Тие раскинаа во 2015 година.

За разлика од неа, Тревис беше во брак двапати, а од вториот брак со актерката Шенон Моклер, тој има две деца – Лендон и Алабама. Тие се разведоа во 2008 година.

Ова не е прв пат да се пишува за романса помеѓу Кортни и Тревис. Кога музичарот беше прашан за оваа врска во март 2019 година, тој одговори дека тие се само пријатели.

Слични содржини