Денеска во Крушево и на Гумење денеска беше одбележан 40-иот роденден на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, за хуманиот човек со големо срце, на еден од најголемите амбасадори на земјава Тоше Проески.
Поради пандемијата изостанаа музичките настани, крводарителската акција, но неговите фанови и поддржувачи, неговото Крушево, не заборавија да му оддадат почит на Тоше. Оти, велат, Тоше има само ден на раѓање и, иако го нема, тој е присутен во мислата на сите.
Почитувачите од Крушево, од земјава, маратонците кои трчаат секоја година во чест на Тоше, од Хрватска му оддадоа почит на неговото гробно место на Гумење. Не изостана ниту роденденската торта.
Од спомен-куќата „Тодор Проески“ нагласуваат дека манифестациите во пандемијата изостанаа поради почитувањето на здравствените мерки. Но и во пандемија лани, куќата-музеј ја посетиле околу 15 000 гости.
Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.