Кафе на празен желудник може негативно да влијае на метаболизмот

од Stefanija Kuzmanovska
634 прегледи

Истражување покажа дека пиењето кафе пред појадок може негативно да влијае на контролата на шеќерот во крвта. Кафе, испиено пред појадок, ја намалило контролата на шеќерот во крвта за 50 отсто

На телото му треба време да се „разбуди“ наутро, но откриено е дека не е добро да се пие кафе наутро на празен желудник, бидејќи тоа може да ја намали способноста на организмот да управува со шеќерот во крвта.

Ова е важно ако сакаме да го одржиме нивото на шеќер во крвта во безбеден опсег за да го намалиме ризикот од состојби како дијабетес и срцеви заболувања.

Истражувачите од Универзитетот Бат сметаат дека оваа нова информација за кафето може да има „далекусежни“ здравствени импликации.

Во своето истражување, научниците сакале да откријат како лошиот сон и утринското кафе влијаат на метаболизмот. Во студијата учествувале 29 мажи и жени кои биле подложени на три експерименти.

На првата ноќ од истражувањето, испитаниците спиеле нормално и утрото испиле благ пијалок. Втората ноќ, истражувачите го нарушувале нивниот сон пет минути на секој час и по будењето повторно пиеле благ пијалок. И за последниот тест, учесниците биле будени од испитувачите во текот на ноќта, но овој пат тие пиеле силно, црно кафе, половина час пред благиот пијалок. Благиот пијалок со калориите одговарал на просечен појадок на возрасен човек.

За време на секој од тестовите, истражувачите собрале примероци од крв за да го следат метаболизмот на испитаниците.

Истражувањата покажаа дека пиењето кафе пред појадок може негативно да влијае на контролата на шеќерот во крвта. Кафе, испиено пред појадок, ја намалува контролата на шеќерот во крвта за 50 отсто.

Добрата вест е дека нема разлика во контролата на шеќерот во крвта помеѓу лошиот и нормалниот сон.

„Знаеме дека скоро половина од нас прво пијат кафе наутро. Ова истражување е важно и има далекусежни здравствени импликации, бидејќи досега малку знаевме за тоа што кафето му прави на нашето тело, особено за контрола на метаболизмот и шеќерот во крвта. Едноставно кажано, контролата на шеќерот во крвта е ослабена ако прво пиеме кафе на празен желудник наутро, особено по ноќ на нарушен сон. Треба да го спречиме ова со тоа што прво ќе јадеме нешто, па потоа ќе пиеме кафе“, рече професорот Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат, пренесува „Мирор“.

Слични содржини