МАРАДОНА ИМА ДВА СЕФА И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ОТВОРИ: Не се знае што има во нив

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Диего Армандо Марадона живееше во Дубаи седум години и во својата соба имал двеа заклучени сефа до кои никој не може да пристапи.

Имотот на Диего Армандо Марадона за време на неговата смрт вредеше 75 милиони долари, а свој дел од тестаментот бараат дури 11 негови деца.

Зад себе остави пет признати деца и уште шест за кои се сомнева дека се негови.

По извршен претрес во домот на Марадона во Дубаи, откриено е дека тој има два заклучени сефа, а тоа крена голема прашина во Аргентина. Постојат многу шпекулации за тоа што има во нив, особено затоа што куќата на Емирати била негово, слободно може да се каже, тајно место.

– Никој не знае што всушност има во нив – пренесува шпански „АС“.

Извор близок до фудбалерот имал што да коментира на оваа тема.

– Тоа се работи што ги чувал Марадона и само Марадона знае што чувал. Може да бидат дијаманти, часовници, долари или ништо. Тој ги остави сефовите таму и не ги отвори повеќе од две години – изјави изворот.

Слични содржини