ХАОС СО ВАКЦИНИТЕ ВО ЕУ: Астразенека се повлече од преговорите со Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Официјален претставник на Европската унија рече дека компанијата „Астразенека“ се повлече од состанокот закажан за в среда во врска со залихите на вакцината против ковид-19.

Минатата недела, „Астразенека“ ѝ соопшти на ЕУ дека заостанува зад своите цели за снабдување со вакцини поради проблеми во производствениот процес.

Со слични проблеми кои произлегуваат од производството на вакцината на „Фајзер“-„Бионтек“, ЕУ соопшти дека отсега па натаму, компаниите што произведуваат вакцини во блокот ќе мораат да дадат „рано известување секогаш кога сакаат да извезуваат вакцини во трети земји“.

Како што претходно беше наведено, Европската унија бара „Астразенека“ да го објави договорот што го потпиша со европскиот блок за испорака на вакцини против ковид-19 откако извршниот директор на компанијата Паскал Сорио откри доверливи клаузули, изјави неименуван официјален претставник на ЕУ.

Во вчерашно интервју, Сорио рече дека договорот со ЕУ се заснова на клаузула за најдобри намери и дека не ја обврзува компанијата на одреден датум на испорака, објави „Ројтерс“.

Интервјуто уследи по најавата на компанијата за намалување на снабдувањето со ЕУ вакцини во првиот квартал.

Официјален претставник на ЕУ рече дека клаузулата за најдобри намери е стандардна во договорите со производителите на производи во развој.

Слични содржини