Фајненшл тајмс: Србија е 7-ма во светот и 2-ра во Европа по бројката на вакцинирани

од Nikola Popovski
153 прегледи

Според последните податоци, во светот се дистрибуирани 71.158.551 доза вакцини, а на списокот со 65 земји, Србија е на 7-то место во светот и втора во Европа, според стапката на вакцинирани во однос на населението, Финансиски Тајмс (ФТ) објави денес.

Во споредба со податоците од пред два дена, нашиот северен сосед напредувал за две места на таа листа.

Податоците на листата на угледниот британски весник се земени од 65 земји и врз основа на тоа, Израел е на првото место според бројот на употребени дози на вакцини со 45,8 лица на 100 жители, по што следуваат Обединетите Арапски Емирати со 27,4, Велика Британија со 11 , додека Србија е на седмото место со 4,5 луѓе на 100 жители.

Само Бахреин (8,8 на 100 жители), САД (7,1) и Порто Рико (5,9) сè уште се пред Србија.

Во Европа, само Велика Британија е подобра од Србија. После Србија, од земјите во регионот, само Словенија се најде во првите 20 земји со 2,8 вакцинирани на 100 жители, додека од земјите на ЕУ, Србија ги остави Малта, Шпанија, па дури и Германија.

ФТ забележува дека Израел е најбрз за вакцинирање и дека повеќе од една четвртина од неговата популација веќе примила барем една доза од вакцината. Седум вакцини за коронавирус се користат во најмалку една земја.