Трамп повторно доби забрана: Овој пат на неодредено време

од Nikola Popovski
353 прегледи

Јутјуб ја продолжи суспензијата на каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а истовремено ја ограничи можноста советникот на Трамп Руди Џулијани да заработи пари од таа платформа.

Ова е втор пат во последните две недели да се продолжи ограничувањето што го спречува Трамп да објавува видеа на таа платформа, пишува американски Политико.

Прво беше блокиран на 12 јануари од страв од натамошно насилство, а потоа компанијата објави дека Трамп бил блокиран за првпат во три можни пати пред трајна забрана.

Минатиот вторник Трамп беше блокиран на уште една недела, а вчерашната забрана не беше ограничена на време.

Портпаролката на овој стриминг сервис, Ајви Чои, изјавиla дека поради загриженост за потенцијално насилство, каналот на Доналд Трамп ќе остане под суспензија до ново известување.

Во исто време, компанијата објави дека привремено ќе му забрани на Џулијани да учествува во програма што му овозможува да заработи пари од неговиот канал, поради неговите ставови за измама на неодамнешните претседателски избори.

Забрането му е учество во траење од 30 дена.

Слични содржини