Претседател тврди дека Бог штити од коронавирусот: „Вакцините не се добри“

од Nikola Popovski
211 прегледи

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули вели дека на неговата земја не и треба карантин затоа што жителите биле заштитени од коронавирусот од Господ и дека домашните решенија, како што е вдишувањето водена пареа, се поефикасни од вакцините.

„Вакцините не се добри. Ако беа такви, тогаш белец ќе ја направеше вакцината за ХИВ / СИДА“, рече Магуфули во говор на западот на земјата.

Во Танзанија, земја со околу 58 милиони жители, од почетокот на пандемијата официјално имало 509 случаи на инфекција со коронавирус со 21 смртен случај.

Според Универзитетот Џон Хопкинс, соседна Кенија, која има 47,6 милиони жители, имала 100 000 заразени и 1700 мртви.

„Ние Танзанците не се заклучивме и не очекуваме да го сториме тоа. Не мислам дека некој ќе прогласи општ карантин затоа што нашиот Бог е жив и тој ќе продолжи да нè штити“, рече Магуфули на свеченото отворање на новата фарма во неговиот роден град во областа Чато.

Неговата влада беше мета на критики од меѓународната заедница

„Ние исто така ќе продолжиме да преземаме превентивни мерки, вклучително и вдишување на пареа. Вдишете додека се молите на Бога, молете се додека одгледувате пченка, компир, за да можете да јадете добро и коронавирусот да не може да влезе во вашето тело. Многумина ќе ве исплашат, мои Танзанци, но мора да истраете“.

Во средината на минатата година, Магуфули, сомневајќи се во веродостојноста на странските тестови за коронавирус, нареди тајно да се тестираат животни и овошје наместо луѓето и, откако се покажа апозитивни резултати, ги прогласи тестовите за технички неисправни.

Неговата влада беше мета на критики од меѓународната заедница затоа што ги чуваше во тајност податоците за заразените, а Магуфули објави дека папајата, козите и овците се позитивни на коронавирусот.

„Овде се случува нешто сомнително. Претходно реков дека треба да бидеме свесни дека целата помош што ни ја испраќаат не е добра за оваа земја“, рече тогашниот лидер на Танзанија.

Слични содржини