Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била опасна

од Nikola Popovski
325 прегледи

Размената на територии меѓу Србија и Косово „би била многу опасна“, изјави претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за францускиот весник „Монд“. Тој изјави дека дијалогот е запрен заради изборите во Косово, но дека Европската унија (ЕУ) е задоволна што е вратено клучното единство со САД во политиката кон Западен Балкан.

„Ништо не е готово додека сè не заврши“, рече Лајчак за дијалогот Белград-Приштина. Тој истакна дека луѓето во владата на американскиот претседател Џозеф Бајден, задолжени за Балканот „чувствуваат историска одговорност за политичкиот и човечкиот ангажман на нивната земја во регионот“.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог рече дека ЕУ претходно соработувала со новиот државен секретар на САД Ентони Блинкен и заменик-секретарот за политички прашања Викторија Нуланд.

„Ние работевме со нив во минатото и ги знаеме нивните мислења… Американско-европското единство е клучен фактор за успех на Балканот“, рече Лајчак.

Слични содржини