Министерот за здравство Венко Филипче напоменува дека нема простор за паника по детектирањето на првиот случај со британскиот сој на коронавирус во земјава.
-Ќе се направи детална епидемиолошка анкета на пациентот кај кого беше откриен новиот тип на вирус. Ова беше очекувано и практично и една ваков тип на вирус лесно се адаптира. Нема простор за паника останува да се почитуваат превентивните мерки. Оваа мутација лесно се шири познато е дека типот на формата на болест е полесна ова е сигнал дека мерките мора да се почитуваат очигледно дека маските и дистанцата се клучни за заштита од вирусот, вели Филипче во вестите на Канал 5.
Тој напомена дека доколку се случи нов наплив на пациенти здравствениот систем е спремен.
-Податоците покажуваат дека од новата мутација се заразуваат помлади лица.Оваа мутацијата не мора да значи дека е увезена , бидејќи и самиот вирус во некоја средина се соочува со некој имунитет и мутира и не е чудно ако немал човекот контакт со странство, објасни Филипче.