Шекеринска: Во моментов клучно е да добиеме вакцини на кои ќе им се верува

од Берта Китинска
266 прегледи

На прашањето дали би имале замерки од НАТО доколку во земјава се набават вакцини од Русија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вестите за Сител изјави дека НАТО не може да влијае на нашите одлуки како суверена држава.

-Имам чувство очигледно поради пандемијата дека ние не сме свесни дека сме влезени во НАТО  и можеме да си носиме суверени одлуки. Она што го правиме како држава е да ги добиеме вакцините без некој да каже дека нудиме население на кое ќе се тестира. Ние тоа не го прифативме и сега чекаме да добие сертификати за оние вакцини кои се докажани. Клучно е да добиеме вакцини на кои ќе им се верува, но и количини кои ќе бидат доволни, вели Шекеринска