СДСМ: С.Македонија не е држава на проценти туку на граѓани, деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски ќе бидат поразени, пописот ќе се оддржи оваа пролет

169 прегледи

Владејачката СДСМ, во рамки на своето соопштение, посочува дека С.Македонија е земја каде живеат рамноправни граѓани, и уште еднаш посочи дека клучна операција во моментов е оддржувањето на пописот по цели 19 години.

Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани.

Пописот на населението, што ќе се одржи на пролет е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении во државата, ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социо-економски развој.

Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата, ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува и со обидите да го политизира пописот за своите партиски агенди.

Најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011. година со неуспешниот обид за попис.

Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени.

Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата.

 

Слични содржини