СДСМ: Институциите силно одговорија за случајот „Јавна соба“, нека му каже некој на Димче Арсовски дека две лица се уапсени

118 прегледи

По реакцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски дека Чулев наспроти актуелната власт за само еден ден го решил случајот „Јавна соба“, се огласија и од владејачката СДСМ.

„Пред да излезе на прес-конференција, Димче Арсовски треба подобро да се информира за реалноста.

Требало некој да му каже дека институциите веднаш реагираа и веќе има две лица приведени од страна на МВР, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.

Сите надлежни институции се влезени во трага и постапуваат. Секој ќе сноси одговорност.

Велиме НЕ на насилството од секаков тип и нарушување на приватноста!

Нема толеранција за ниту едно прекршување на законите од страна на кој било поединец или група.

Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ веќе не ни следат што навистина се случува во реалноста туку важно им е само да напаѓаат, да шират небулози во очај.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ако не шири лажни вести, тогаш мора да седи на страна и да зборува за нешто врска со реалноста“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини