Полска преплавена од протести поради уште построгиот закон за абортус

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Во Полска се протестираше поради новиот закон што ја ограничува можноста за абортус. Стапи на сила на полноќ и дозволува абортус само во случаи на силување, инцест или ако животот на бремената жена е загрозен. Абортусот не е дозволен дури и во случај на деформација на фетусот.

Лекарите кои не го почитуваат новиот закон ќр се соочат со затворски казни.

Активистите повикаа на нови протести вечерва и утре.

Во Полска досега според законот се вршеле околу илјада абортуси годишно.

„Сакам да имаме основни права, право да одлучиме што ќе правиме со нашите тела, право да одлучиме што сакаме да направиме, дали сакаме да имаме деца и во какви услови ќе имаме деца“, коментирала демонстрантката Габриела Степинак.

Слични содржини