Кунгуловски: Британскиот сој на корона за неколку месеци ќе стане доминантен во Македонија

од Берта Китинска
344 прегледи

Британскиот сој на корона за неколку месеци ќе стане доминантен во Македонија, вели  Горан Кунгуловски од клиниката Жан Митрев каде беше откриен првиот случај со британскиот сој.

-До сега се детектирани илјадници мутации на коронавирусот и најголем дел од нив се неутрални немаат никаков ефект. Некои го ослабнуваат вирусот и тој излегува од пулот на вируси, некои ги променуваат особеностите на вирусот, вели Горан Кунгуловски од клиниката Жан Митрев каде беше откриен првиот случај со британскиот сој.

Тој вели дека оваа мутација се пренесува побрзо, односно доколку претходно се заразувале 10, сега ќе се заразат 17. Додава дека новиот сој според последните студии без да се крева паника има благо е зголемена смртноста за 30 отсто.

Не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација, рече Кунгуловски.

Воедно тој најави дека во иднина ќе работат на посеопфатен начин на селекција за откривање на нови мутации, со цел да се дознае дали британскиот сој ќе доминира во Македонија, како што е случај во Велика Британија, каде што основната варијанта на Ковид-19 е речиси истисната.

Слични содржини