Единицата за тениски интегритет (ИТИА) одлучи да суспендира доживотно две тенисерки од Русија, поради нивната вклученост во местење на натпревари.
Како што објави оваа организација, Алија Мердејева и Софија Дмитријева повеќе нема да имаат право да се натпреваруваат на професионални турнири бидејќи е докажано дека тие биле дел од неколку наместени натпревари.
Мердејева беше прогласена за виновна за договорени две средби, додека Дмитријева, која договорила дури шест, беше прогласена за виновна и за одбивањето да соработува со истражителите.
Иако не беше објавено кои се другите тенисерки против кои биле наместени натпреварите, потврдено е дека едните од нив се противничките на Мердејева и Дмитријева, кога играле како дубл-партнерки.
Двете најчесто играле на турнири од пониска категорија во Африка, Турција и Источна Европа.
Ниту еден од нив немала забележителен успех, бидејќи 23-годишната Мердејева била 928 на планетата, додека Дмитриева, три години постара, била 1.191 тенисерка во светот.