Организирана јавна дебата по повод Законот за инспекциски служби во општините

302 прегледи

„Една година од Законот за инспекциски надзор – искуство на инспекциските служби во општините“, е насловот на денес закажаната јавна дебата од страна на НВО Инфоцентарот.

На оваа дебата какошто е предвидено учество ќе заземат, претставници на Инспекцискиот совет на С.Македонија, претставници на Инспекторатот на Град Скопје, на секторите за инспекциски надзор од повеќе општини и на граѓански организации.

Инаку во фокусот на оваа дебата ќе биде прашањето како се спроведува новиот закон за инспекциски надзор на локално ниво, но и ќе се дискутира за тоа дали новата законска рамка ја подобри ефикасноста и компетентноста на инспекторите, како се одвива процесот на лиценцирање, кои законски решенија се покажаа како добри и применливи, кои пак, покажале слабост, како и тоа дали се потребни дополнителни измени и дополнувања.

Слични содржини