СДСМ: Посветени сме на градење правично општество и проширени надлежности на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

198 прегледи

Владејачката СДСМ, во своето соопштение, потенцира уште еднаш дека партијата е предводник во градењето на еднакво и правично општество, а заложбите, како што велат им се преточени со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„СДСМ е партија предводник на градење на едно, еднакво, праведно и правично општество, кое се темели на принципот на еднаквост и ефикасна заштита од секаков вид на дискриминација.

Овие заложби се преточени во конкретни решенија, со усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и зајакнување на капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Надлежностите на Комисијата, чиј состав се одликува со независност и професионалност на избраните членови се прошируваат во насока на превенција на дискриминацијата и заштита на човековите права.

Во демократско општество, нема место за дискриминација кон било која група или поединец.

Посветено работиме, сите заедно да се избориме со дискриминацијата, во интерес на граѓаните, на општеството“, се вели во соопштението од владејачката партија.

Слични содржини