СДСМ: Пописот е корисен за државата и важен за народот, опструкциите на Мицкоски зборуваат дека е против сѐ

156 прегледи

Во рамки на уште едно соопштение, денес СДСМ уште еднаш потенцираше дека пописот е корисен за државата, а дека ВМРО ДПМНЕ е против секој процес и реформа, па оттаму единственото нешто што опозициската партија им го нуди на граѓаните се лажни вести и деструкција.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски е против секој процес, против секоја реформа што е во интерес на граѓаните и државата.

Лажни вести и деструкција се единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против членството во НАТО, беа против Законот за јавно обвинителство. Се противеа на зголемување на минималната плата, на покачувањата на пензиите, беа против повратот на ДДВ за граѓаните.

Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против спроведување попис. Се противат на оваа статистичка операција важна за креирање на идни мерки и политики за развој на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат државата да добие релевантни податоци за структурата на населението, на домаќинствата, на стопанството.

За потсетување, поради политички калкулации ВМРО-ДПМНЕ не успеа да спроведе попис во 2011 година и ја остави нашата држава како единствена во Европа без спроведен попис. Денес како опозиција се обидуваат да спречат одржување попис со цел државата да остане две децении без спроведен попис. Одовде од пред белиот дворец му порачуваме на Мицкоски дека неговите деструкции, блокади и кочења одново ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди, по сите критериуми на Евростат. И по шест порази Мицкоски не ја учи лекцијата и останува на погрешната страна. Затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму.

Слични содржини