389
Преговорите со Европската Унија ќе започнат тогаш кога ќе има договор со Бугарија, рече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции”.
„Точно е дека преговорите ќе почнат тогаш кога ќе има договор, меѓутоа, нема причина во меѓувреме да се чека да не се спроведуваат реформите, бидејќи тоа само ќе го забрза патот понатаму и тоа е во интерес на сите граѓани. Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија“, изјави Гир.