Европската унија денес го ограничи извозот на вакцини за коронавирус во Северна Ирска, заобиколувајќи делови од протоколот на договорот за Брегзит.
Овој потег предизвика револт кај локалните политичари, премиерот на Северна Ирска, Арлин Фостер, ја нарече одлуката на ЕУ да се повика на членот 26 од Северноирскиот протокол, кој им овозможува на Велика Британија или ЕУ да преземат еднострани активности во случај на неочекувано негативно влијание, „неверојатен чин на непријателство“, коj произлегува од договорот.
Портпаролот на британската влада рече дека следните чекори ќе бидат внимателно разгледани и додаде дека министерот Мајкл Гоув и пренесе на ЕУ дека Велика Британија е загрижена затоа што не е информирана од ЕУ за нејзините постапки во врска со протоколот за Северна Ирска, пренесува Ројтерс.
Претходно, Европската комисија се согласи со планот за контрола на извозот на вакцини од ЕУ, вклучително и во Велика Британија, наведувајќи дека е потребно да се обезбедат сопствени залихи.
Џонсон за ограничувањето на извозот на вакцини: Сериозно сум загрижен
Британскиот премиер Борис Џонсон ѝ рече на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека е „сериозно загрижен“ од обидите на Брисел да го ограничи извозот на вакцини за коронавирус во Северна Ирска, соопшти неговиот кабинет.
Според портпаролот на Џонсон во изјавата, британскиот премиер во петокот вечерта разговарал со претседателот на Европската комисија, пренесува Ројтерс.
„Тој изрази сериозна загриженост за потенцијалното влијание што може да го имаат чекорите преземени од ЕУ во врска со извозот на вакцини денес“, рече портпаролот.