Несторовиќ во свој стил: Попрво би умрел, отколку да примам вакцина

од Nikola Popovski
509 прегледи

Српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ во гостување на српска телевизија изјавил дека најмногу го нервира политизирањето на епидемијата на коронавирус, при тоа наведувајќи дека не би ја примил вакцината.

Несторовиќ е познат по контроверзните изјави, а сега гi искажа своите мислења за вакцината.

„Ако ЕУ навистина сакаше да го вакцинира своето население, ако навистина сакаше да ги заштити, тие ја имаа руската вакцина во април, што е многу слична на вакцината од Оксфорд. Тогаш можеа да започнат да ја прават таа вакцина и сега веќе ќе имаа во доволни количини“, наведува д-р Несторовиќ.

„Се разбира, тие нема да го сторат тоа, сосема е јасно дека нема“, додаде Несторовиќ и потсети дека Обединетите нации го отфрлиле претседателот на Русија кога тој ја понудил руската вакцина.

Пулмологот изјави дека „во моментов се води политичка војна, војна со вакцини, а малку и војна со влијание“.

Д-р Несторовиќ истакна дека технологијата што се користи за производство на вакцината Фајзер е многу комплицирана технологија и затоа толку фрлени многу вакцини се дадени на САД.

Кога станува збор за вакцинацијата во Србија, тој повторно ги изјави своите тврдења и рече дека не бил вакциниран и дека нема да се вакцинира.

„Ветив дека нема да се вакцинирам и дека попрво би умрел. Па јас сум Србин. Ако државата навистина беше загрозена, ако имаше висока стапка на смртност, ако се распаѓапе, јас прв ќе се вакцинирав, пред камерите“, рекол во свој стил д-р Несторовиќ, кој е и поранешен член на Српскиот кризен штаб.

Сепак, тој вели дека им ја препорачува вакцината на пациентите кои сакаат да се вакцинираат, врз основа на нивната возраст и здравствена состојба. Како што вели, како поранешен член, тој го критикува Кризниот штаб дека според нив, секоја вакцина е добра.

Слични содржини