Британската мутација се шири, првата жртва во земјава е од Охрид

од Берта Китинска
460 прегледи

Британската мутација ја зеде птвата жртва во земјава .Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Северна Македонија.

Оваа информација на Твитер ја објави доктор Горан Кунгуловски од клиниката Жан Митрев. Според информациите едниот од заболените починал, а вториот пред три дена бил пуштен од болница. Починатиот пациент е Охрид на возраст од 46 години.

Кунгуловски пред неколку дена пред јавноста ја сподели загрижувачката вест, дека заразниот вирус, којшто навлезе во 70 земји досега, е присутен и во земјата уште пред Нова година.

„Вирусите постојано мутираат. Досега се детектирани илјадници мутации на корона вирусот, некои го ослабнуваат, а некои ги менуваат неговите особености. Овој вирус еволуира многу побавно за разлика од сезонскиот грип. Не знаеме, но најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина за него“, изјави Кунгуловски.

Слични содржини