Живко Мукаетов ја доби довербата од 51 од вкупно 54 делегати на денешното годишно Собрание на РФМ, со што ќе продолжи да биде претседател на оваа федерација во следните четири години.
Генералниот директор на „Алкалоид“ дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 година, на местото на Михајло Михајловски и на денешното изборно собрание со акламација од присутните делегати му беше доверен трет мандат. Тој беше и единствениот кандидат за претседател, откако сите домашни ракометни клубови во изминатиот период му изразија поддршка.
Муакетов немаше противкандидат на денешното гласање, а собранието кое се одржува во „Александар Палас“, го потврди и успешните финансиски резултати за последната година.
– Да се заблагодарам за довербата и соработката изминатите осум години. Посакувам заеднички да го подигнеме македонскиот ракомет на уште повисоко ниво – изјави Мукаетов во своето излагање пред делегатие на Собранието на РФМ.