ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува

од Nikola Popovski
128 прегледи

„СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Влатко Цветковски, координатор на советничката група на СДСМ во општина Ѓорче Петров, кој денес соопшти дека бил физички нападнат од советник на ВМРО-ДПМНЕ за време на седницата на општината.

Во партиското соопштение, стои и дека „градоначалникот Наумоски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи“.