„Љупчо Николовски не е виновен за децениските проблеми којшто ги има државата, за работи којшто многу одамна сме трбале да ги направиме. Ова е генерација на политичари предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски од целиот наш тим направи крупни чекори за нашата земја. После 3 децении аспирации станавме членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ сме и токму затоа оваа Влада стави висок акцент и на реформите во судството и на борбата против корупцијата и криминалот“, изјави денеска вицепемиерот од Кочани.
„ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се симбол на корупцијата и криминалот со огромен број на постапки, на кривични пријави, на обвиненија, на целото ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ коешто го блокираше Законот за Јавно Обвинителство, коешто се противеше на трансфер на предметите за криминал и корупција од СЈО во редовните обвинителства. Партија којашто ги блокираше сите процеси низ којшто требаше да тргне и да оди оваа земја“, посочува тој.