Денес во Собранието беше усвоен Дополнителниот предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства и тоа со 70 гласови „за“.
Инаку, овој закон беше поддржан и од опозициските пратеници кои беа согласни само со ставот дека несомнено доцнат вакцините во земјава.
Инаку со дополнителниот предлог на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.