256
Од Министерството за здравство исто така соопштија дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 11 лица.
Билансот по градови е шест лица од Скопје на 83, 82, 83, 81, 73 и 67 години, двајца од Гостивар на 60 и 61 година и по еден од Охрид на 83 години, од Струмица на 75 години и од Тетово на 77 години.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766“, стои во дневниот извештај од МЗ.