Фудбалерите на Ливерпул ќе бидат посилни во продолжението на сезоната со турскиот стопер Озан Кабак од Шалке.
Турскиот репрезентативец доаѓа на „Енфилд“ како позајмен играч, со обврска Ливерпул да го купи следното лето за 28 милиони евра.
Исто така, Кабак ќе потпише петгодишен договор.
Кабак беше снимен денес како доаѓа во тренинг центарот на Шалке, а медиумите пренесуваат дека тој треба да направи лекарски преглед за тимот на Јирген Клоп.
Турскиот стопер има 20 години и ја претставува иднината на турскиот фудбал. Одигра седум натпревари за националниот тим, а вредноста на Трансфермаркет се проценува на 25 милиони евра.