Злоупотреба на флешери и службена легитимација: Шефот на Кабинетот на Груби поминувал на патарини без да плати

од Nikola Popovski
322 прегледи

По контролата што ја спровеле Одделот за внатрешна контрола при МВР, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, при што беа изречени 32 глоби за неплаќање патарини, меѓу едно од казнетите лица бил и шефот на Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, објави „А1он“.

Тој добил глоба откако поминал наплатна станица без да плати, со злоупотреба на флешери и службена легитимација.

„Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола“, соопштија попладнево од МВР.

Незаконско поставување флешери се казнува прекршочно, а дозвола за нивна употреба имаат само возилата на полицијата и воената полиција кои вршат придружба. Вакви уред може да се вградат и во возила определени со акт на Владата.

 

Слични содржини