415
По веста дека тројца лекари и една медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести се позитивни на коронавирус, стигнаа информации дека меѓу нив е и директорката на истоимената установа, Милена Стевановиќ.
Таа добила позитивен тест уште минатата недела, се лекува во домашни услови и има полесни симптоми.
Од Министерството за здравство велат дека во моментов нема случај на кластер или поголема бројка на заболени од ковид во склоп на скопските клиники.
Ова доаѓа само десетина дена откако откако на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени во исто време.