Ја нападнал мајка си со нож, ѝ нанел убодна рана

од Nikola Popovski
329 прегледи

Од МВР соопштуваат дека 40-годишен скопјанец синоќа во домот со остар предмет ја нападнал неговата 65-годишна мајка, нанесувајќи ѝ убодна рана.

„На 01.02.2021 околу 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека 40-годишниот В.Д. од Скопје во домот со остар предмет ја нападнал неговата 65-годишна мајка, нанесувајќи ѝ убодна рана. По целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во билтенот на полицијата.

Слични содржини