Тимот на СЗО ја посети главната лабараторија во Вухан

338 прегледи

Тим истражувачи од Светската здравствена организација, кои дојдоа во Вухан да го испитаат потеклото на вирусот корона, ја посетија главната лабораторија за вируси во Вухан, во потрага по изворот на ковид.

Експертите на СЗО поминаа три и пол часа во добро чуваниот институт за вирусологија во Вухан, кој беше центар на стории за теории на заговор, според кои од таму „протекол“ Ковид и го предизвикал првото жариште на крајот на 2019 година.

Повеќето научници ја отфрлаат оваа хипотеза, но некои шпекулираат дека вирусот пронајден во дивината се појавил во лабораториски експерименти, за да се тестира можноста да се пренесе на луѓето, а потоа да „избега“ од лабораторијата преку заразен член на лабораторијата.

“Многу интересно. Има многу прашања”, рече Теа Фишер, дански член на тимот, објави Ројтерс.

Некои научници ја повикаа Кина да ги покаже деталите за сите коронавируси изучувани во лабораторијата, за да види кој од нив најдобро одговара на САРС-Ков-2.

„Очекувам многу продуктивен ден пред нас, во кој ќе се сретнеме со луѓето од Вухан и ќе им ги поставиме најважните прашања што треба да ги постават“, рече друг член на тимот, Питер Дазак, кој е претседател на Алијансата ЕкоХелт.

Тимот на СЗО, кој треба да ја заврши мисијата, соопшти дека нивните членови ќе имаат ограничени посети организирани од кинески домаќини и нема да имаат контакт со населението, поради ограничувачките мерки.

Слични содржини