Ана Ивановиќ ужива во семејната идила со сопругот Бастијан Швајнштајгер, а откако се повлече од тенисот, целосно се посвети на мајчинството. Секојдневно се обидува нејзините синови Лука и Леон да имаат што пoбезгрижно детство, но исто така нагласува колку е важно кај децата да се негува чувството за нематеријални работи.
„На децата им треба љубов, тие се иднината. Не им требаат многу играчки или други материјални работи, туку само љубов и внимание, што само родител може да им ги даде. Го сфатив тоа и се обидувам да им го дадам, иако многумина мислат дека материјалните работи завршуваат на сè. Вистина, тие го прават тоа многу полесно, но важно е луѓето да се вратат на себе. Многу луѓе мислат дека сакаат нов автомобил, но всушност им треба време поминато со семејството или патување во природа“, го изнела својот став Ана, пренесува„ Стори“ и се осврнала на вечното прашање дали би ги поддржала нејзините синови во нивната одлука да се занимаваат со професионален спорт:
„Ќе ги поддржувам децата што и да изберат, па одлуката зависи од нив, а мое е да им понудам разни можности да ги откријат нивните вистински интереси. Како и да е, не знам дали би сакала да одберат тенис“, беше искрената Ивановиќ, која не крие дека тенисот многу ѝ помогнал во животот.
„Како девојче, секогаш бев интровертна. Не се снаоѓав во големо друштво, така што тенисот беше мојот свет и уживав. Јас секогаш бев прилично независна и не се плашев од тој чекор. Бев независна, тоа беше мојата љубов и нешто што сакав да го работам. Имав среќа што ја имав поддршката од моето семејство затоа што тоа значи многу, особено на таа возраст, како тинејџер“, навела Ана.
Ана исто така откри дека има едно строго правило во нејзината куќа, а тоа е дека на нејзините синови им е забрането да користат електронски уреди.
„Прочитав многу за развојот на децата и сфатив дека електронските уреди не се добри за нив. Ситуацијата многу ми се олеснува со фактот што не гледам телевизија и не користам iPad. До толку не сакам телевизорот да биде вклучен, кога децата се присутни, што пропуштам многу тениски натпревари. Морам да имам телефон, но навистина не трошам премногу време на него. Во таа смисла, полесно ми е да најдам начин самостојно да ги анимирам децата, иако е тешко во некои денови. Ние се обидуваме да ротираме така што секој ќе даде идеја“.