За влакно ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Познат фудбалер бил во авион кој излетал надвор од пистата

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Голема драма се случи во саботата вечерта на аеродромот во Антверпен, кога полета авионот на Цесна во кој беше фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс.

Мертенс пристигнал од Наполи до Антверпен со приватен авион во сопственост на хрватската компанија „Јунг Скај“, пишуваат светските медиуми, кога пилотот изгубил контрола над леталото при слетувањето и застанал на полето надвор од пистата.

Според извештаите, силниот дожд е виновен за сè, поради што пилотот не успеал да го задржи авионот на пистата. Инцидентот го потврдија и припадниците на противпожарната служба на аеродромот:

– Добивме повик во саботата навечер да помогнеме поради инцидентот. Авионот го вративме на пистата со помош на две возила.

За среќа, никој не беше повреден во овој инцидент, што можеше да има трагични последици, а фудбалерот на Наполи засега не сакаше да коментира ништо.

Слични содржини