286
Министерството за здравство денес информира дека 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19.
Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.
-Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството, истакнуваат од Министерството.