СДСМ: Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот, по 19 години државата да добие прецизни и целосни податоци

188 прегледи

Во денешното соопштение, владејачката СДСМ, посочува дека има капацитет и подготвенот од страна на Државниот завод за статистика, да го спроведе пописот по цели 19 години. Исто така, велат, истиот ќе донесе прецизни и целосни податоци, за сите структури во општеството.

„Законот за попис на населението што го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ гарантира спроведување на оваа статистичка операција по сите меѓународни пракси и стандарди, од страна државниот завод за статистика, кој има капацитет и подготвеност да спроведе успешен попис, по 19 години.

Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението и ќе обезбеди релевантни податоци и насоки за тоа како треба да се движи економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита…

Со успешно реализиран попис точно ќе ги мапираме потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа, кои ќе добијат релевантни и точни информации, на кои ќе го базираат локалниот и регионалниот развој.

За да се спроведе оваа обемна статистичка операција потребно е секој поединец, секоја политичка партија, да даде придонес во реализација на оваа операција важна за развојот на државата“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини