Вардар остана во Португалија – се бара друга авио врска за враќање во Скопје

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ лигата на шампионите. Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје, соопштија од клубот.

Ракометарите денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.

Екипата ги имала сите подребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и ПЦР тестови со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт.

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург.

Слични содржини