342
Во Мадрид денес беше потврден првиот случај на бразилскиот вирус на корона, три дена откако Шпанија го прекина воздушниот сообраќај со Бразил и Јужноафриканската Република со цел да спречи ширење на нова, позаразна варијанта на вирусот.
Министерството за здравство, пишува Ројтерс, не одговори на прашањето дали бразилскиот вид на вирусот корона е регистриран на друго место во Шпанија.
Во средата, потсетува Ројтерс, во таа земја е забележан вториот позитивен случај на јужноафриканската варијанта на вирусот корона.