Османи: Бугарија не ги спори идентитетски атрубути, нема потреба од никаков страв

од Берта Китинска
220 прегледи

Бугарија не ги спори идентитетски атрубути, нема потреба од никаков страв затоа што никој не може да  го оспорува македонскиот јазик и идентитет и тоа го разјаснивме со бугарските колеги  по серијата средби изминатиот период, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, во емисијата Трилинг.

Тој дека каменот на сопнување е нивната позиција по однос на историјата, односно на минатото.

-Ова е добра појдовна основа да се продолжи понатаму. Успеавме тоа да го разјасниме преку се почестите и појасни позиции на Бугарија дека ниту имаат право да спорат затоа што тоа се права на државите кои произлегуваат од фундаментланто право на самоопределвуање. Државите познаваат држави и после државите сами одлучуваат кој јазик да зборуваат, како се нарекуваат и важно е тоа да го зацврстуваме за да не отвориме дебата понатаму, додаде Османи.