Кандидатот за италијански премиер Марио Драги ја доби денеска основната поддршка од две клучни партии за формирање на новата влада следната недела, која ќе одлучи како да се потрошат 200 милијарди евра помош од Европската унија, за да се стартира ослабената економија на земјата. Коалициската влада предводена од Џузепе Конте падна минатиот месец, а преговорите за „спасување“ не вродија со плод.

Движењето „Пет Sвезди“ и десничарската Лига ја објавија својата поддршка за владата на Драги, велејќи дека се подготвени да го остават настрана ривалството за доброто на целата нација, пренесе АП.

Драги (73), поранешен претседател на Европската централна банка, го заврши првиот круг разговори со политичките партии оваа недела, а вториот круг се очекува на почетокот на следната недела, кога ќе разговара со кандидатите за министри и визијата на Драги за новата влада.

Тој се очекува да се состане со бројни синдикати, претприемачи и други претставници на државната служба.

Како што е најавено, италијанската влада ќе биде техничка во однос на структурата, но според нејзините овластувања, таа треба да биде еден вид „влада на национален спас“, па дури и „присилна администрација“.

Обраќајќи се на јавноста, италијанскиот претседател Серџо Матарела апелираше до Парламентот да се изгласа доверба, бидејќи, како што рече, само влада со целосни овластувања може да се справи со искушенијата со кои се соочи Италија, здравството, социјалното и економско-финансиското криза.

Инаку, Драги го доби прекарот „Супер Марио“ кога, како шеф на ЕЦБ, ја надмина кризата со еврото во средината на 2010 година. Тој беше заменет за шеф на Европската банка од поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Слични содржини