НАЈГОЛЕМ ПАД ВО ИСТОРИЈАТА НА АВИОНСКИОТ СООБРАЌАЈ: Ниту резервациите за патувања во наредниот период не ветуваат

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Поради пандемијата на коронавирусот, глобалниот сообраќај на авионски патници минатата година се намали за 65,9 проценти, и ова е најголем пад во историјата на цивилното воздухопловство, според извештајот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).

Мерките против вирусот и зголемувањето на бројот на заразени луѓе ширум светот, доведоа до такво опаѓање на глобалниот сообраќај на авионски патници во 2020 година, се наведува во извештајот, пренесе „Анадолија“.

Во 2020 година, меѓународниот превоз на патници е намален за 75,6 проценти на годишно ниво.

Податоците, исто така, покажаа дека резервациите за патувања во следниот период, направени во јануари 2021 година, паднале за 70 проценти на годишно ниво.

Во предвидените очекувања за 2021 година, IATA наведува дека може да се очекува дека вкупната побарувачка ќе се подобри за 50,4 проценти во споредба со минатата година.

Сепак, се предупредува дека ако останат во сила посериозните ограничувања на патувањето, подобрувањето на побарувачката ќе биде ограничено на само 13 проценти во споредба со 2020 година.

Слични содржини