Досега достапните вакцини помалку реагираат на јужноафриканскиот сој, па затоа Британците најавија нова вакцина до есен!
Нова вакцина што може успешно да се бори против јужноафриканскиот вид на ковид може да се појави до есен, изјави денеска водачот на тимот што ја направи вакцината на Универзитетите во Оксфорд и АстраЗенека, Сара Гилберт.
Професорот Гилберт за Би-Би-Си изјави дека на вакцината не му треба многу време да се прилагоди на промените, а истражувачите веќе работат на нова верзија на вакцината за да создадат посилен имунолошки одговор на мутираниот тип на ковид од Јужна Африка.
Оваа информација дојде по една студија, сè уште нецелосна, во која се наведува дека вакцината АстраЗенека / Оксфорд обезбедува помала заштита од јужноафриканскиот сој, но сепак ги штити поединците од добивање на потешка форма на ковил.
„Индипендент“ додава дека министерот за здравство на Обединетото Кралство, Мет Хенкок, апелирал до компаниите со над 50 вработени, кои треба да дојдат на работа, да аплицираат за брзи анализи на антиген.