Со забрзано темпо како и минатата, така и оваа година неуморно продолжуваме кон остварување на голем број проекти значајни за жителите на Скопје! Општината Шуто Оризари како и сите останати општини има особена важност за нас како град!, сподели Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Токму затоа реализираните проекти во оваа општина од различните општествени сфери, како што се подобрување на инфраструктурата, социјалната заштита, образованието и екологијата се само еден сегмент кој ќе не однесе до нашата крајна цел, жителите на оваа општина да добијат стандард каков што заслужуваат!
Веруваме дека само чекор по чекор, со незапирливо вложување во сите општини, Скопје ќе го трансформираме во град со кој сите ќе се гордееме!“, истакна Шилегов.