Кривична пријава за лекар кој сам направил вакцина против коронавирус: Го вакцинирал семејството и волонтери

од Nikola Popovski
167 прегледи

Германскиот лекар Винфрид Штекер, кој сам направил вакцина против коронавирус, и со тоа ги вакцинирал семејството и пријателите, доби кривична пријава.

Штекер, кој има мала клиничко-имунолошка лабораторија во Либек, ја развил вакцината против корона.

Прво ја тестирал вакцината врз себе, по што на 8 мај објавил дека е имун на Ковид-19.

Потоа ги вакцинирал своите деца и сопруга, како и 100 волонтери.

Откако успешно ја тестираше својата вакцина, тој му се обрати на претседателот на Институтот Пол Ерлих, институцијата одговорна за одобрување на вакцината.

Штекер го информирал Институтот дека има ефикасна вакцина со која може да се изврши вакцинирање и чекал позитивен одговор.

Сепак, наместо одговор, Штекер добил повик од полицијата со информација дека е поведена истражна постапка против него за кршење на Законот за лекови.

Адвокатот на Штекер побарал истрагата да се прекине и истакнал дека неговиот штитеник ја дал вакцината како дел од „индивидуалните обиди за лекување“, за што не е потребна дозвола за производство.

Покрај тоа, тој наведува дека сите вакцината ја примиле доброволно.

Штекер е убеден дека неговата вакцина може да вакцинира три четвртини од населението на Германија во рок од половина година.

Како што рече, тој не сакал да заработи пари за вакцината, но за него било важно да ја стави под контрола пандемијата, па затоа сакал да ја сподели својата формула со светот.

Слични содржини